Да се биде без партнер не значи да се биде и осамен. Слободните девојки имаат повеќе време да се посветат на своите потреби и исклучиво на себе си.
Пет причини зошто е подобро да се биде „сингл“:
Секогаш бидете на прво место
Напавете нешто за себе, нешто што сакате и во што уживате, било тоа да е јога или часови по готвење. Важно е да правите исклучиво тоа што ви одговара.
Себичноста не е секогаш лоша работа
Кога немате партнер не правите компромиси и единствено важно е што вие сакате. Иако на почеток изгледа како голем предизвик да се донесуваат одлуки без консултциии со другиот, на крај всушност станувате независна и силна личност.
Фокусирајте се на сегашноста
Ако сте од тие кои се планираат однапред или премногу ја анализираат ситуацијата, најдобар начин за прекинување на тие навики е времето да го поминувате сами. Направете план и почнете да работите нешто сами, а телефонот оставете го дома, така да ништа не може да ве попречува.
Препуштете се и уживајте во времето кое го поминувате сами
Гледајте ја омилената телевизиска емисија или читајте книга и уживајте во тоа. Практикувајте ги тие „себични“ моменти често.
Животот почнува кога ќе ја напуштите комфорната зона
Направете нешто што е голем предизвик за вас или дури предизвикуква доза на страв, нешто што се наоѓа вон зоната во која се чувствувате сигурно. Прекинете ја рутината и направете нешто невообичаено, одете сама во кино или прошетајте, можеби ќе ви се допадне тоа.