Нешто малку поинаку …
Потребно е:
1 банана
4 лажици путер од кикирики
50 гр црно чоколадо
50 гр бело чоколадо
1 рака бадеми
Подготовка:
– Загрејте ја рерната на 200 целзиусови степени.
– Во загреаната рерна ставете ја бананата со кората да се запече. Ќе биде готова кога кората сосема ќе и потемни.
– Извадете ја од рерна и исечете ја на половина.
– Измешајте ги путерот од кикирики и исечените на парченца чоколади. Додадете ги и исецканите бадеми и убаво измешајте. Со оваа смеса премачкајте ги половинките банана и послужете.