Патник „почести“ стјуардеси со бонбони со канабис, тие завршија во болница со халуцинации

Од:

Членовите на екипажот на „Бритиш ервејс“ наводно доживеаја „чувство на одвоеност од телото“ откако изеле гумени бонбони со канабис што им ги дал еден патник.

Тројца членови на кабинскиот екипаж, кои јадеа бонбони кои содржат до 300 милиграми THC, психоактивна супстанца што предизвикува интензивен ефект, беа транспортирани во болница, објавува британскиот портал „Стандард“.

Целиот екипаж е отстранет од должност откако авионот слета во Лос Анџелес, од аеродромот Хитроу во Лондон.

Според „Сан“, раководството на „Бритиш ервејс“ започна истрага за да го идентификува патникот кој делеше бонбони со канабис.

Вработените вклучени во инцидентот подоцна беа вратени како патници со посебен лет.

Авиокомпанијата изјави дека нема индикации дека членовите на екипажот знаеле што консумираат.

Извор за весникот изјави дека не е невообичаено благодарните патници да подаруваат бонбони на персоналот, но додава дека во овој случај било среќна околност што бонбоните не им биле поделени на членовите на екипажот сè додека тие не пристигнале во САД.

„Бонбоните биле изедени во автобусот на екипажот по слетувањето. Речиси веднаш сфатиле дека нешто не е во ред. Кога пристигнале во хотелскиот сместувачки капацитет, тројцата членови на екипажот кои изеле голем број бонбони почнале да доживуваат „чувство на одвоеност од телото“.

Тие почувствуваа целосно губење на контролата, беа во паника и исплашени. Симптомите се влошија и тројца беа однесени во болница на лекување.

Би можело да ве интересира

Започнаа вонредни контроли на производителите на медицински канабис, под проверка 43 лиценци

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Хорор во Дубаи: Стјуардеса пронајдена масакрирана во хотелска соба со 5 ѕвездички, избодена е со ножици 15 пати

Горан Наумовски

Уапсен жител на Белчишта кај кого се пронајдени 145 стебла канабис сатива

Петмина под истрага за разбојништво во фабрика за канабис во Чегране

ВИДЕО: Запленети 1053 стебла канабис, фирма од Гостивар садела без дозвола

Катерина Ѓуровски