Благодарение на пронајдокот на чикашкиот бизнисмен Кевин О’Донер, патниците повеќе нема да мораат да ги влечат своите тешки торби, туку ќе можат да се возат на нивниот „Модобег“.
Станува збор за кофер со мала димензија, а со многу голема издржливост, така што може да издржи и лице тешко до 260 килограми.
Оваа современа електрична патна торба има мотор, а нејзиниот пронаоѓач изјави дека не сакал патниците да ги направи мрзеливи, туку, како што рече, животно ефикасни.
Патникот самиот го контролира возењето на својата торба со помош на педала за гас и со сопирачка, и тоа додека седи на конфорното седиште направено од мемориска пена.
Според тврдење на компанијата што веќе ја произведува оваа современа патна троба, батеријата за 15 минути се полни до дури 80 отсто од капацитетот.
Цената на оваа необична патна торба е околу 1.000 долари и не мора да служи само за патување, туку и во работни цели, цитира Си-Ен-Ен.
О’Донел на овој проект работеше цели две години, а идејата рече дека „му светнала“ додека го влечкал својот кофер по аеродромите.