Партон: Мојот сопруг е моето единствено дете

Од:

Доли Партон, големата американска ѕвезда, неодамна за магазинот „Сага“ призна дека не жали што никогаш немала деца.

„Кога сте млад пар, мислите дека ќе имате деца, но тоа едноставно не беше една од оние горливи работи за мене. Ја имав мојата кариера, мојата музика и многу патував. Да имав деца, сигурна сум дека би останала дома со нив и би се грижела за нив“, рече таа.

Доли истакна дека не жали што нема деца, особено поради моменталната ситуација во светот.

“Речиси сум среќна што никогаш не сум имала деца. До смрт се грижам за моите мали внуци. Јас и мојот сопруг едноставно се замислуваме како деца. Тој е моето единствено дете, а јас сум негово единствено дете”, додаде таа.

Оваа 77-годишна кантри ѕвезда е во брак со Карл Дино од 1966 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Доли Партон и Манескин снимија дует

ВИДЕО: Доли Партон сними обработка на „Let it be“ со Пол Макартни и Ринго Стар

Доли Партон, на 75 години го издава својот прв роман

А1он

Легендарната кантри пеачка Доли Партон донираше еден милион долари за истражување на лек против Ковид-19

А1он

Доли Партон: Планирам повторно да бидам на насловната страница на Плејбој

А1он