Ова се 12 најбизарни вести во 2012 година

Од:

Од сечење нозе со пила како не би морал да работи, до крадење камен од Акропол заради киселење на зелка – најразлични бизарни случувања ја одбележаа 2012 година, а хрватскиот портал dnevnik.hr ги издвои 12 најинтересни.

Во речиси пет години постоење, Google Street View сними се и сешто. Освен корисни снимки на градски улици и населби, тука имаше невообичаени глетки како луѓе со пиштоли, крадци, проститутки, голи, пијани луѓе. Канадскиот уметник и филмаш Џон Рафман  ги собра бизарните фотографии и ги објави на една страница.

Екстремно решение

Бизарна досетка на еден 56-годишен Австриец секако мораше да се најде на нашиот список за најбизарни вести во 2012 година. Пред закажаниот состанок во Центарот за социјални крижи, маж кој во Центарот требало да дојде за да му се провери здравствената состојба, која долколку е добра вработените во Центарот би му понудиле ново вработување, одлучил со пила да си го отсече стопалото од левата нога над глуждот. Како ни тоа да не било доволно, мажот своето стопало го фрлил во оган за да не му го зашијат повторно.

Жива „манга“

Анастасиу Шипања е името на една 19-годишна Украинка која себе си се претвори во бизарна копија на лик од јапонските анимирани филмови, познати како „манга“. Со нејзиниот блед тен, големи очи и црвена коса, стана вистинска интернет сензација- нејзината страница на Фејсбук има над 12.000 фанови, а нејзиниот видео туториал „Flower Fairy“ на Јутјуб има речиси половина милион прегледи.

Трајна ерекција

На тетоважа луѓето се одлучуваат од најразлични причини, а за нив одбираат и различни места на телото каде ќе ги стават. Еден 21-годишен Ирачанин одлучил да го тетовира пенисот, но неговата одлука не заврши баш најдобро. Поточно, покрај тетоважата момчето доби и трајна ерекција што е многу болно затоа што не поврзано со надворешно возбудување.

Бизарна животна цел

Нерина Ортон е 22-годишна студентка и танчерка  на бурлекска од Велика Британија која 23 часа на ден поминува во тесен корсет поради што има најтенка половина во својата земја. Нејзинината половина во корсетот широка е едвај 39,9 сантиметри додека без корсет е 55 сантиметри. Висока е 164 сантиметри и тежи 50 килограми, а целта и е да биде сопственичка на најтенката половина во светот.

Жив Костур

Дваесетгодишна Ксеинја Бубенко со својот изглед го шокирала светот. Девојката е висока 158 сантиметри и тешка само 20 килограми. Постави рекорд на диета во Русија и ја освои титулата за најубава слаба девојка. Иако изгледа многу среќно и живо, таа според оценките на лекарот би можела да страда од многу попратни нарушувања кои се многу опасни по здравјето.

Од Акропол до кисела зелка

Бизарни работи правеа и грашаните од БиХ, а еден чин остана запомнет – маж кој украде камен од Акропол за да кисели зелка. Грчката полиција го фатила на граничниот премин со Македонија, а во својата изјава пред полицијата рекол дека каменот многу му се допаднал затоа што имал идеален плосната форма за притискање на зелка додека се кисели.

Земја на чуда

Ова „откритие“ дефинитивно ја одбележа годината. Поточно, нивната државна информативна агенција КЦНА објави значајно „научно откритие“ според кое еднорозите постојат. Археолозите на историскиот институт на севернокорејската Академија за општествени науки го потврдија кон крајот на ноември пронаоѓањето на пештера на еднорог кој го јавал кралот Тонгмионг, основач на кралството Когуиро, кое траело од 277 година пред Христос до 668 година. Наводно покрај влезот во пештерата пронашле камен со изрежани зборови „пештера на еднорог“.

Најбизарни откритија

Наградата Иб Нобел е награда која се доделува за научни трудови од комична природа и со сомнителна цел, па би можело да се каже дека станува збор за пародија на Нобеловата награда. Оваа награда се доделува еднаш годишно во САД, на универзитетот Харвард. Откритија  како уред кој го попречува човековиот говор, како да се намали Ајфеловата кула, како да се претвори муниција во дијамант, активност на мозокот кај мртов лосос и многу други се заслужни се за да станат дел од оваа листа.

Бизарна забрана

Првиот човек на иранската полиција Исмаил Ахмади Могадам повика да се цензуриираат сликите на пилешко, за да не се предизвика бесот на сиромашниоте слоеви од општеството, кои поради високите цени не можат да си го дозволат.

Изгризал кобра до смрт

Еден жител на Непал и се одмазди на кобрата откако го гризнала. Тој толку се разлутил кога таа го гризнала, што одлучил да ја изгризе до смрт. Тој преживеа, а властите сепак не го казнија, бидејќи станувало збор за т.н. змија чиј вид не е загрозен.

Доела младо од тигар

И кога ќе помислите дека веќе ништо не може да ве изненади, светот го обиколи веста за жена која дои бебе – тигар. Две млади, мажјак и женка, одвоени се од мајката од зоолошката градина Јангон во Мианмар, откако таа го убила третото младо. За да ги одржат во живот, ги хранеле на шише, но и со млекото на 40-годишната Хла Хтаи и тоа четири пати дневно.

Би можело да ве интересира

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските