Кучката Оби од расата англиски дачханд со речиси 40 килограми, конкурира да биде најдебелото куче во светот.
Оби, која тежи двојно повеќе од било кое куче од нејзината раса, била чувана од повозрасен пар, кој во грижата дали кучето јаде доволно, замалку ќе ја доведеле во смрт од конзумирање премногу храна.
Кога ветеринарот Нора Венета, слушнала за состојбата на кучето, веднаш пошла кај сопствениците на Оби и побарала од нив да и ја препуштат грижата за кучето, за таа да може да го доведе нејзиното здравје во ред.
Сега слаткото кученце е ставено на рестриктивна диета, откако дебелината се заканувала да и создаде сериозни последици.
Венета раскажала дека не може да ја стави Оби на вежби, бидејќи во овој стадиум кучето е премногу дебело за да се движи, а камоли да вежба.
Им раскажала на новинарите дека кога прв пат ја видела не можела да верува дека се работи за куче од марката јазовичар. Додека овие кучиња тежат максимално од 12 до 15 килограми, Оби која е стара едвај пет години тежи речиси 40 килограми.
Кучето е премногу мило, раскажала Венета, и очигледно нејзините соптвеници, пар пензионери, не можеле да одолеат на нејзините кафеави очиња, за да и речат не кога барала храна.