Кристално е јасно дека селфи се планетарно популарни, како и дека некои мака мачат како да го направат оној совршениот. Токму тие ќе се израдуваат дека со најновото истражувања е развиен алгоритам кој може да предвиди колку фотографијата ќе биде популарна. До него, со помош на повеќе од два милиони собрани слики, дојде судент и истражувач од МИТ Едити Косл.
Тој отвори и веб страница на која секој ќе може да закачи фотографија, а потоа алоритам ќе ја предвиди нејзината потенцијална популарност. Според истражувачите, за популарноста на селфи важни се три работи – боја, заводливост и тагови, пишува bgr.in.
Што посветли се боите, фотографијата ќе биде попопуларна. Розовата и жолтата се идеален избор, а во прв план избегнувајте ги сините и зелените тонови. Ова најверојатно никој не го чуди, но најпозитивно влијание имаат фотографиите кои вклучуваат долен веш, мини и бикини. И последната, исто така очигледна ставка, – што повеќе тагови, имате повеќе шанси некој да налета на сликата и ја види.
Истражувањето за фотографиите спроведени пред ова, а во текот на кое се анализирани 1,1 милиони слики објавени на Инстаграм, покажа дека фотографиите кои на себе имаат човечко лице имаат 38 отсто поголема веројатност да им се допаднат на другите, како и 32 проценти поголеми шанси дека ќе добијат коментари.
Наредниот чекор за Косл е развивање алатка која ќе биде во можност автоматски да ја менува фотографијата за да и се подобри популарноста.