Познатата пејачка Шинејд О’Конор почина во јули минатата година. Сега е објавена причината за смртта.
Како што пренесуваат странските медиуми, пејачката починала од природна смрт, како што соопшти денеска патологот. Музичката ѕвезда (56) беше пронајдена во нејзиниот стан во југоисточен Лондон, а детективите одлучија дека станува збор за ненадејна смрт.
Случајот до денес се сметаше за сомнителен, пишува Дејли Мејл.