Откриена причината за смртта на пејачката на позната група

Од:

Веста дека Даниел Мур, пејачката на бендот Crazy P, ненадејно почина на 52-годишна возраст, го шокираше светот, а само пет месеци подоцна пристигнаа резултатите од обдукцијата.

Даниел Мур, позната како пејачка на бендот Crazy P, почина во „ненадејни и трагични“ околности во август, на 52-годишна возраст.

Сега е потврдено дека пејачката се самоубила откако наводно се борела со „бурниот работен распоред“ и перименопаузата.

Како што е наведено во истрагата, Мур минувала низ многу стресен период, прво за време на пандемијата на коронавирус, а потоа и кога влегла во менопауза.

„Тоа беше „двоен удар“ за нејзиното ментално здравје“, изјави нејзиниот сопруг Џејмс Ансел пред судот во Бирмингем.

Тој додаде дека била „прегорена“ и „многу исцрпена“ кога се вратила на работа, а која ја имало „многу повеќе од вообичаено“.

Сега на официјалната Фејсбук страница на групата Crazy P е објавена изјава од нејзиното семејство.

„Истрагата за смртта на нашата драга Даниел штотуку е завршена. Заклучокот од истрагата е дека таа си го одзела животот. Сè уште сме со скршено срце поради загубата на оваа неверојатна жена.

Патем, Мур беше на хормонска терапија за менопауза, а патологот Џејмс Бенет, кој ја изврши обдукцијата, рече:

„Јас сум патолог долго време, но ваквите случаи сè уште ме вознемируваат“, рече Бенет, додавајќи:

Мур почина на 30 август 2024 година, само една недела пред нејзината осма годишнина од бракот со Ансел.

Тоа утро, таа переше алишта, го контактираше својот менаџер за списокот на гости за претстојниот настап, а потоа, што е доволно чудно, купи шише виски од блиската продавница.

Кога не се појавила цел ден, нејзиниот сопруг поднел пријава за исчезнато лице.

„Длабоко во себе знаев дека нешто не е во ред“, рече тој подоцна.

Оддавајќи ѝ почит, тој истакна:

„Таа беше извонредна жена и навистина уникатен пример за човечката раса. Беше чудна, интуитивна и имаше сочувство за другите. Имаше остар ум што понекогаш можеше да биде немирен. Беше исклучително забавно да биде наоколу, но беше многу скромна и срамежлива. Три недели пред да умре, таа ми рече дека е исцрпена. Нејзиниот распоред беше многу исцрпувачки. Така ми недостасува.

Се испостави и дека таа имала историја на проблеми со менталното здравје, вклучувајќи и други обиди да си го одземе животот.

„Сè уште се мачиме од нејзината загуба и не можеме да сфатиме дека повеќе ја нема. Иако никогаш нема да разбереме зошто Даниел си го одзеде животот, знаеме дека начинот на кој таа умре нема никаква врска со тоа која била во животот“, напиша нејзиното семејство.

Би можело да ве интересира

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

Симпсонови ги предвидоа и пожарите во Калифорнија

Предраг Петровиќ

Џенифер Лопез е загрижена за Бен Афлек

Предраг Петровиќ

Пожарот престана токму пред палатата на Том Хенкс

Предраг Петровиќ

Има 87 години, тренира како да има 30 години, телото и е нереално

Предраг Петровиќ

По разводот Анџелина Џоли е побогата за вртоглава сума на пари

Предраг Петровиќ