Откажани се доделувањата на MTV наградите

Од:

Европските музички награди на MTV, кои требаше да се одржат на 5 ноември во Париз, оваа година нема да се одржат.

„MTV ЕМА се годишна глобална прослава на музиката. Додека гледаме како продолжуваат случувањата во Израел и Газа, ова не изгледа како момент за глобална прослава. Ова е момент на жалост за илјадниците изгубени животи. Со нетрпение очекуваме повторно да биде домаќин на MTV во ноември 2024 година“, се вели во соопштението за печатот на портпаролот на Paramount, пренесува магазинот „Variety“.

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво од петокот вечерта, откако наставник беше убиен во училиште во францускиот град Арас, а главен осомничен е Мохамед М., кој претходно се заколна на верност на Исламската држава.

Би можело да ве интересира

Џони Деп се појави на „Ем-ти-ви“ наградите како астронаут

Лејди Гага доминираше на виртуелните Ем-ти-ви музички и видеонагради

Ана Ололовска