Хрватскиот пејач Тони Цетински го откажа концертот што требаше да го одржи денеска, на 8 март во салата „Спенс“ во српскиот град Нови Сад, што предизвика големо внимание од јавноста и бројни реакции на социјалните мрежи.
Посебна контроверзност предизвика објаснувањето што го даде пејачот, кое се однесува на наводните настани од 1990-тите.
View this post on Instagram
Имено, Цетински објави дека донесе одлука да го откаже настапот бидејќи, како што изјави, Спенс носи болни спомени од тој период за некои луѓе.
Неговата изјава дојде откако на социјалните мрежи се појавија тврдења дека Југословенската народна армија во раниот конфликт од 1990 тите наводно донела луѓе во оваа сала кои потоа биле испрашувани, мачени и понатаму испраќани во логори на територијата на Србија наменети за Хрвати.
Иако станува збор за непотврдени тврдења, пејачот одлучил да не настапува.
Во меѓувреме, во јавноста се појавија и информации за продажбата на билети за концертот. Како што објави српски „Телеграф“, менаџментот на „Спенс“ очекувал Цетински да продаде најмалку 6.000 билети, иако капацитетот на салата е значително поголем.
Сепак, според извештаите, до утрово се продадени околу 3.500 билети.
Оваа ситуација дополнително изненади дел од публиката бидејќи Тони Цетински веќе има настапувано во истата сала претходно и во неколку наврати, без никакви контроверзии.
