Бразилскиот фудбалер Нејмар се „прости“ од Стивен Хокинг на начин кој беше протолкуван спротивно од очекувањата на фудбалската ѕвезда.
Англискиот теориски физичар и космолог почина на 14 март, а поради болеста од студентските денови беше во количка и се соочуваше со ограничено движење и говор.
Нејмар по смртта на научникот објави своја фотографија како седи насмеан во количка и под која пишува „Морате да имате позитивен пристап и да го извлечете најдоброто од ситуацијата во која се наоѓате. Стивен Хокинг“.
Ова наиде на остри критики, особено на социјалните мрежи.