Како може круг да стане квадрат? Тоа е прашањето од најновата илузија која се шири низ интернетот.
Како и обично, во прашање е чиста оптичка илузија: ист предмет, гледан од еден агол, изгледа сосема различно кога се гледа од друг агол.
Тајната на оваа илузија е во тоа што едно огледало е така поставено што дава поглед од два агли во исто време. На тој начин предметот гледан од еден агол изгледа како круг, а од друг како квадрат.
Од сите други агли, предметот изгледа недефинирано, а се работи за посебни форми испечатени на 3Д печатач.
Авторот на оваа илузија е Кокичи Сугихара од Универзитетот „Меј“ во Јапонија. За својот труд тој освои второ место на Натпреварот за илузија на годината.