Онлајн игрите ги развиваат менталните способности кај лица постари од 50 години

Од:

Играњето онлајн игри, кои ги вежбаат способноста на помнење и расудувањето се корисни за лицата постари од 50 години, се наведува во истражувањето, кое го објави Би-Би Си.

Научници од Кралскиот Колеџ во Лондон утврдија дека менталните вежби го одржуваат мозокот на старите лица бистар и им помагаат на луѓето во секојдневните задачи како купување и готвење.

Речиси седум илјади луѓе постари од 50 години учествуваа во шестмесечното истражување и никој од нив немал проблеми со помнењето или расудувањето на почетокот на истражувањето.

Дел од испитаниците се поттикнати да играат онлјан игри, кои го вежбаат мозокот и тоа во период од десет минути, колку пати дневно тие ќе посакаат. Други добиле задачи да извршуваат едноставно пребарување по интернет.

Научниците ги тестирале менталните способности на испитаниците со тестови на почетокот на истражувањето, по три месеци и по шест месеци, за да се утврди дали постојат забележливи разлики меѓу двете групи.

Тие открија дека по шест месеци оние кои го вежбале мозокот со онлајн игри имаат подобра ментална способност во однос на оние кои не играле. Придобивките биле забележани кај оние кои барем пет пати дневно играле игри.

Во групата над 60 години луѓето кои играле игри подобро ги извршувале секојдневните задачи.

Претходните истражувања покажаа дека играњето на онлајн игрите нема влијание врз јакнење на менталните способности на лицата помлади од 50 години.

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ