Огромна жолта патка пристигнува на Тајван

Од:

Поголема веризија на огромната патка на надувување која воодушеви многумина кога беше поставена во водите крај Хонг Конг, отсега ќе го краси и градот Келунг на Тајван.


Претседавачот на Градското собрание на Келунг, Хуанг Џинг-Та рече дека потпишал договор со холандскиот уметник Флорнтијн Хофман кој ќе изработи 18 метри висока жолта патка, која ќе биде прзентирана во средината на септември и трајно ќе остане на Тајван.


Хуанг очекува Тајван дека го зафати „паткина треска“, како што беше случај и со Хонг Конг и да привлече голем број туристи во Келунг, кој се граничи со главниот град Тајпеј.


Жителите на Хонг Конг со радост ја дочекаа оригиналната 16,5 метри висока патка на Хофман, која „доплива“ до пристаништето во мај. Продавниците биле преплавени со сувенири во форма на патки, рестораните нудеа посебни јадења со патки, а илјдници посетители се воодушевуваа на огромната фигура на пристаништето.


Тајвантските туристички агенции тогаш нудеа аранжмани за „посета“ на жолтата патка во Хонг Конг, а неколку нејзини копии наврзо се појавиле во други градови во Кина.


Од 2007 година, па досега, оригиналната патка мина низ 13 градови во девет земји, од Бразил до Австралија. Хофман изјави дека се надева оти таа ќе стане „катализатор“ на поврзување на луѓето и уметноста.

Би можело да ве интересира

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините