На дебелеењето кај децата повеќе влијаат лошите навики на родителите, отколку генетските фактори, е заклучок на едно британско истражување.
Тим експерти од Универзитетот во Плимут тврди дека за разбирање на овој проблем е клучен односот на родителите и децата од ист пол во текот на првите години од животот.
Истражувачите следеле 226 семејства, по што заклучиле дека децата ги имитираат.
Девојчињата кои растат со мајка која е дебела се изложени на поголема опасност од прекумерна тежина во детството, а исто важи за момчињата и татковците.
Експертите од Велика Брианија, каде стапката на дебелеење е една од најголемите во Европа, дојдоа до заклучок таквата поврзаност не важи за мајките и синовите, ниту за татковците и ќерките.