Иако долги години владе со светската сцена, латино заводникот Енрике Иглесијас (41), се уште ги „излудува“ обожавателките.
Тоа уште еднаш се покажа во Азербејџан, каде настапуваше во главниот град Баку, во рамки на неговата светска турнеја „Секс и љубов“, кога за време на концерот негова обожавателка му се нафрли и буквално скокна на него.
Хистеричната бринета дополнително беше охраберена од возбудените довикувања од останатите обожавателки.
Славниот Енрике успеа да остане смирен во ситуацијата, а за да се ослободи од „излудената“ девојка беа потребни неколку телохранители.