Обожавателите на „Игри на престолот“ имаа шокантно утро кога ги виделе вестите дека починал Џорџ Мартин. Барем за оние кои не разбрале, деке не се работи за нивниот омилен писател.
Џорџ Мартин навистина почина, но станува збор за „петиот член на Битлси“, продуцентот кој стои зад многу хитови во кариерата на познатите Битлси. И додека некои оддаваа почест на музичарот и неговиот немерлив придонес, други биле во паника на Твитер и „доживуваа инфаркт“.
– Имав емоционален шок додека не сфатив дека тоа не е тој Џорџ Мартин. Џорџ Мартин, не Џорџ Р.Р.Мартин. Оф. Дали е лошо ако ми олесна кога разбрав дека починал Џорџ Мартин, а не Џорџ Р.Р. Мартин? Морам да го дознаам крајот, се коментарите на некои од фановите, уплашени од можноста никогаш да не го дознаат крајот на познатата серија.