Обновена трката на келнери во Гевгелија

Од:

По пауза од неколку години во Гевгелија се врати трката на келнери во рамки на прославата на заштитникот на градот, Спасовден.

Во натпреварот учествуваа 30 келнери од кои поголемиот дел од Гевгелија и од Струмица кои се тркаа на патека долга 50 метри во дисциплините брзо одење и умешност во носење нарачка без кршење чаши или шишиња.

Методија Перунковски од организаторите изјави дека целта на проектот е популаризација на гевгелиското угостителство и рече дека е презадоволен од одѕивот на келнерите.

Првото место го освои Игор Стефановиќ од Гевгелија, втор беше неговиот сограѓанин Томица Јованов, а трет беше Горан Митев од Струмица. Во женска конкуренција наградата и припадна на единствената девојка келнер, Александра Узунова од Богородица.

Најдобрите од организаторот добија парични награди и вредносни ваучери.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонски келнери во Блед ме молеа „внесете не во ЕУ, сакаме да се вратиме дома“

Орце Костов