Обновен парискиот хотел „Риц“ во кој престојуваа Дијана и Доди ал Фаед

Од:

 Во Париз повторно е отворен обновениот, луксузен хотел „Риц“, сопственост на египетскиот милијардер Мохамед ал Фаед.

Хотелот кој се наоѓа на познатиот париски плоштад Вендом, се обновуваше и модернизираше четири години, откако во меѓувреме беше погоден и од голем пожар.

Основач на престижната хотелска марка „Риц“ е швајцарскиот претприемач Сезар Риц во 1898 година, кога првпат е отворен и парискиот хотел.

Неговата слава ја имаат донесено голем број познати личности кои престојувале во него, како Чарли Чаплин, модната креаторка Коко Шанел, или американскиот писател Ернест Хемингвеј.
Во нивна чест, три мали барови во хотелот сега ги носат нивните имиња.

Во текот на Вторатат светска војна и окупацијата на Париз, „Риц“ се претворил во омилено место на нацистичките лидери, па во хотелот како негови гости, престојувале и Херман Геринг и шефот на нацистичката пропаганда Јозеф Гебелс.

Во поново време, хотелот „Риц“ стана познат низ целиот свет, како местото каде поранешната британска принцеза Дијана ги помина последните часови од животот, заедно со нејзниниот тогашен партнер Доди ал Фаед, син на сопственикот на хотелот.

Набргу потоа, Дијана и Доди загинаа во парискиот тунел Алма, откако нивното возило удри во еден од столбовите на тунелот, бегајќи од папараците кои настојуваа да ја „уловат“ вљубената двојка.
Обновениот „Риц“ има помалку соби и апартмани, но тој и натаму останува достапен само за супер богатите гости.

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ