Новогодишен концерт на Филхаромонијата

Од:

Во Македонската опера и балет вечер ќе се одржи традиционалниот новогодишен концерт на Македонската филхармонија, кој ќе го води диригентот Борјан Цанев.

– Оваа возбудлива музичка вечер ќе биде исполнета со нови интересни композиции од мајсторите на виенските валцери, мазурки и полки- членовите на семејството Штраус, но на програмата свое место ќе најдат и делата на Чајковски, Римски-Корсаков, Бородин и Монти.

– Концертот кој е многу популарен кај македонската публика, барем за миг ќе ги пренесе присутните во раскошот на Виена, додека на концертниот подиум музичарите на Македонската филхармонија ги изведуваат прекрасните и игриви мелодии, соопшти Филхармонијата.

Билетите за концертот се по цена од 600, 800 и 1000 денари.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ