Гугл промовираше нова надгардба на неговиот пребарувач Хром, која има за цел да ги заштити корисниците од штетни софтвери така што ќе ги предупредува за сомнителни копчиња за симнување.
Секој кој користел интернет барем еднаш клинал на големо штетно копче на кое пишува „download‟, се со надеж дека така бесплатно ќе дојде до некој скап софтвер.
Меѓутоа, во најголем број на случаи хард дисковите на корисниците на овој начин завршиле со некои штетни багови.
Гугл одлучи да му стави крајна тоа, така што исфрли надградба со безбедносна поставка за Хром.
Имено, ако пребарувачот препознае некое лажно копче за симнување, автоматски се отвара црвен прозорец на кој пишува дека корисникот се наоѓа пред отварање на „опасна страница‟.
– Напаѓачите на страницата (url сомнителни страници) можеби сакаат да ве измамат да направите нешто опасно т.е. да симнете штетен софтвер или да ги открие вашите лични информации како што се лозинки, броеви на телефони или броеви на вашите кредитни картички, стои во предупредувањето на Гугл Хром.
Гугл истакнува дека оваа опција кај многу корисници автоматски е вклучена, но дека може да се исклучи така што во пребарувачот ќе се отвори опцијата „Settings‟, потоа „Advanced‟, а потоа во категоријата „Privacy‟ ќе се обележи квадратчето пред кое пишува „Protect you and your device from dangerous sites‟.