Нова бизарна мода во пластичната хирургија

Од:

Еден од последните трендови во пластичната хирургија е правење дупчиња на образите.

Многу луѓе дупчињата на образите ги сметаат за неодоливи, па беше само прашање на време кога овој шармантен украс ќе стане дел од понудите на пластичните хирурзи.

Се повеќе млади луѓе се појавуваат кај хирурзите со такво барање наведувајќи ги како пример ѕвездите како Миранда Кер, Хари Стајлс и Аријана Гранде, пишува Индепендент.

Добра вест е што постапката трае само половина час, и се прави со локална анестезија.

Операцијата се изведува така што лекарите го прицврстуваат внатрешниот мускул на образите за долната површина на кожата, а дупчињата се гледаат тогаш кога се прават одредени движења како смеење и зборување, но не и кога лицето е опуштено, па ефектот е многу природен.

Резултатот сепак е привремен и трае меѓу еден и два месеци.

Би можело да ве интересира

Необични стандарди за женската убавина ширум Азија

Ана Ололовска

Третманите со пијавици се уште популарни во Русија

Ана Ололовска

Женската убавина пред 100 години

Ана Ололовска

Дваесет земји во кои живеат најубавите девојки

Ана Ололовска

ФОТО: Има 70 години, а изгледа двојно помладо

Ана Ололовска

ФОТО: Бизарни и болни начини за разубавување на старите холивудски диви

Ана Ололовска