Нов тренд: Пресадување на веѓи

Од:

Дамите кои претерале со скубење на веѓите и со тоа многу ги разретчиле, денес бараат природен, густ изглед на веѓите, па затоа и не чуди најновиот тренд на пресадување на јаки и густи веѓи, токму онакви какви што има најуспешната манекенка на денешницата, Кара Делавињ.

Докторот Роберт Дорин од Њујорк, специјалист за кожа и коса тврди дека повторно во мода се врати природниот изглед на веѓите и дека се повеќе жени сакаат да имаат густи и јаки веѓи.

Дорин вели дека пресадувањето веѓи обично го бараат жените кои имаат премногу тенко искубани веѓи, па со тек на време толку многу се истенчиле што ништо друго не им преостанува.  Интересно е тоа што барањето за густи и јаки веѓи денес станаа тренд.

Кога се извршува трансплатација на веѓи, на влакната им е потребно два до три месеци целосно да се прифатат, а после една година изгледаат како да се природни.

Според зборовите на доктор Дорин, пресадувањето на веѓи е многу деликатна работа, затоа што мора пред се добро да се испланира положбата и симетријата на поставувањето веѓи.

Иако со оваа работа се занимава веќе 12 години, Дорин тврди дека во последно време забележал раст на трендот на густи веѓи и дека пациентките бараат природен изглед.

Исто така, многумина тврдат дека густите веѓи го прават лицето многу попривлечно и повпечатливо. Веѓите се многу важен естетски дел на лицето, а густите и јаки јасно ги отцртуваат очите и челото и даваат помек изглед на лицето.

Би можело да ве интересира

Необични стандарди за женската убавина ширум Азија

Ана Ололовска

Третманите со пијавици се уште популарни во Русија

Ана Ололовска

Женската убавина пред 100 години

Ана Ололовска

Дваесет земји во кои живеат најубавите девојки

Ана Ололовска

ФОТО: Има 70 години, а изгледа двојно помладо

Ана Ололовска

ФОТО: Бизарни и болни начини за разубавување на старите холивудски диви

Ана Ололовска