Нов кандидат за светски рекорд: компирче долго 97 сантиметри

Од:

Кога Ким Медфорд од Ешвил нарачал порција од своите омилени компирчиња во ресторанот „Ерби“, не ни мислел дека ќе го открие кандидатот за нов светски рекордер – пржено компирче долго речиси еден метар.

Во моментов, официјален светски рекорд го поставија две лица од Бафало, кои испржиле компирче долго 86 сантиметри, а Ким неговиот помфрит од дури 97 сантиметри размислува да го предложи на Академијата на Светски рекорди.

Официјалното лице на ресторанот „Ерби“ за печатот изјави:

– Во поголем број случаи, при пакувањето, транспортот и самото приготвување се крши помфритот на помали парчиња, но очигледно не секогаш, јави „Хафингтон Пост“.

Компирчето кое Медфорд ги пронајде спаѓа во редот на „завиткани“ компири кои настануваат така што комипрот се сече во круг, без запирање.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава