„Нома“ на Рене Реџепи повторно најдобар ресторан во светот

Од:

Данскиот ресторан „Нома“ повторно е прогласен за најдобар на светот, според топ листата на угледниот британски гастромагазин „Restaurant“, на која од првото место го симна минатогодишниот победник, шпанскиот „El Celller De Can Roca“.

„Нома“ претходно оваа ласкава титула ја освојуваше три години по ред во 2010, 2011 и 2012-та.

Магазинот „Restaurant“ секоја година издвојува 50 најдобри ресторани во светот за кои одлучува жири од околу 900 гастрономски експерти.

Сопственик на „Нома“ е Рене Реџепи (36), кој потекнува од Гостиварско.

Со својата нордиска кујна Реџепи успеа да го потисне ресторанот „El Celller De Can Roca“ на второто место.

Реџепи, син на македонскио иселеник, со години во „Нома“ бил помошен готвач, а се специјализирал за јадења од пилешко.

– Посветувањето внимание на деталите од страна на Реџепи, иновативниот пристап во трагањето по храна и експериментирањето со ферментацијата – сетоа тоа потурнато со страста и неуморната љубопитност – повторно го доведоа неговиот ресторан на врвот, изјавија организаторите на вчерашното доделување на наградата во лондонскиот Gyildhall.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава