Скарлет Хофт Графланд забележала фасцинантни кадри во Салар де Ујуни во Боливија, местото каде што се наоѓаат најголемите полиња со сол на планетава.
Користејќи разни материјали таа направила геометриски фигури со кои го нагласила влијанието на прирадата на ова необично место.
Со површина од околу 6 илјади километри квадратни, Салар некогаш бил дел од праисториското солено езеро, кое покривало поголем дел на југозапад на оваа јужноамериканска држава.
Со тек на времето езерото пресушило и зад себе оставило непрегледна количина на сол, поточно слој со речиси четири илјади метри надморска височина.
-Сакав на свој начин да го прикажам ова вистинско светско чудо, бидејќи сметам дека вакво нешто не можеме да видиме секој ден – вели таа.
Е. Г.