Неуспешна лицитација за најголемиот небрусен дијамант во светот

Од:

Најголемиот необработен дијамант во светот, не е продаден на аукцијата што се одржа вчера, бидејќи никој не ја прифати почетната цена на организаторот на наддавањето, која изнесуваше 70 милиони долари.

Највисоката цена понудена од лицитаторите беше 61 милион долари, која аукциската куќа не ја прифати, но и не успеа да добие повисока понуда. Наддавањето го организираше аукциската куќа „Сотби“, која се наоѓа во Лондон.

Тобајас Кормајнд, официјален претставник на фирмата за трговија со дијаманти „77 Дајмондс“ рече дека неуспехот на лицитацијата се должи на нестабилноста на пазарот предизвикана од Брегзитот. Тој, сепак смета дека е невозможно побарувачката за големи дијаманти да е или да биде исцрпена.

Дијамантот наречен „Леседи ла Рона“ е со големина на тениско топче и има вредност од 1.109 карати. Пронајден е во африканската држава Боцвана минатата година.

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ