Необична работилница: Знаеме ли воопшто како да комуницираме?

Од:

Денес во Куршули Ан, во организација на агенцијата за односи со јавност Навигаторс, а во рамките на Скопската недела на дизајнот, се одржа необична работилница под наслов “Дизајн на комуникација”. Како комуницираме е длабока рефлексија на нас самите, а како ја дизајнираме пораката што ја испраќаме зависи од нашата подготвеност, комплексност и мотивираност.

Говорниците на оваа работилница се луѓе кои се бават со феноменот комуникација во својата професија и порачуваат дека иако можеби не заработуваме сите од комуникација, сепак сите ние можеме подобро да заработуваме доколку правилно комуницираме, во најмала рака, со правилно комуницирање, имаме можност поправилно и поточно да нè разберат.

Меѓу говорниците е Наташа Дукоска, од агенцијата Навигаторс, која за комуникацијата вели дека е “клучна алатка за да можеме да пренесеме, да рефлектираме и да бидеме исконстатирани од околината или публиката. Начинот на кој ќе ја обликуваме пораката зависи од капацитетот на нашата личност, но и начинот на кој ќе ја дистрибуираме подразбира социјална интелигенција на испраќачот. Компаниите треба сето ова да го препознаат, преведат и имплементираат во својата политика за односи со јавноста. Нивните вредности се поистоветуваат со вредностите на нивниот производ.”

Други говорници на оваа работилница беа:

Станислав Петковски, психолог со осврт на потребата од комуникација или зошто комуницираме. Дека комуникацијата е основна човекова потреба, порив без кој не се може. Комуницираме значи постоиме.

Сашо Мацановски Трендо, кој се обрати по повод релацијата: медиум – широка јавност, како основоположник на модерниот медиум во Македонија – портал, колумнист, ТВ водител. Фокусот на тоа како допира до широката јавност, како пренесува пораки до толкав широк аудиториум.

д-р Илијана Петровска, професор на Американ Колеџ, која се осврна на комуникацијата на брендот, како може еден бренд да има карактеристики, вредности, асоцијации и истите да ги отсликува преку разни канали на комуникација.

Билјана Северинова, комуникација на една корпорација со општеството и истата придонесува и за други пошироки, општествени појави.

Дејан Милевски Декла – Синерџи, дологодишен маркетингџија, кој говореше за искрена комуникација со потрошувачите и кои се раизиците и моќните поволности од ваквата “соголена” комуникација.

Комуникацјата е како спознанието, колку повеќе се имате спознаено толку е поедноставно да функционирате. Можеби трагањето по вистинската порака е процес кој трае, но со попрецизно поставени контури во комуникацијата, се сè одвива олеснето и вистински.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ