Нема купувач за легендарната Веспа на која се возеше Меланија Трамп

Од:

Веспа марка Пјаџо, на која во   1986 година неколку месеци се возеше Меланија Трамп, можеби идната прва дама на САД, не е продадена во неколку недели од како на и-беј ја постави нејзиниот сопственик од Словенија, поранешното момче на Мелани, Петер Бутолн (49).

Веспата не е во возна состојба и и треба целосен ремонт, но Бутолн ја истакна почетната цена од девет илјади евра, со тврдење дека приходот би го наменил за добротворни цели во фондот  за самохрани татковци кој планира да го основа. Но, досега на огласот за „легендарниот“ скутер никој не се јавил, информира „Словенске новице“.

Бутолн за еден домашен весник рече дека со Мелани бил во врска и ја возел на веспата во пролета 1986 година, но дека се разделиле кога морал да оди на отслужување на воениот рок, што Мелани не го оспори. Бутолн тврди дека го запознал целото семејство Кнавс од Севница и постарата сестра на Меланија, Инес со која наводно исто така бил со неа, што таа го негираше, испраќајки му порака „Не лажи, Петер“. 

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ