Нема да бидат поднесени кривични пријави поради смртта на Принс

Од:

Поради смртта на американскиот музичар Принс Роџер Нелсон, познат како Принс, нема да бидат покренати кривични пријави, соопшти денеска обвинителот на сојузната американска држава Минесота.

– Едноставно немаме доволно докази некого да обвиниме за злосторство поврзано со смртта на Принс, изјави обвинителот на Округот Карвер, Марк Мец по двогодишната истрага за смртта на поп ѕвездата.

Принс беше пронајден мртов во својот дом во Пејсли парк во Минесота на 21 април 2016 година. Како причина за смртта е наведено предозирање со Фентанил, лек што се користи против болки, но е 50 пати посилно од хероинот.

– Не постојат докази дека таблетите што ги земал Принс биле препишани од лекар, посочи Мец, додавајќи оти има докази оти пејачот мислел дека зема Викодин, лек што му бил препишан, а не медикамент кој содржи потенцијално смртоносен фентанил.

Би можело да ве интересира

Принс постхумно ја доби наградата што отсекогаш ја посакуваше

Семејството на Принс му забрани на Трамп да ги користи неговите песни

Наум Локоски

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Наум Локоски

Наследниците на Принс поднесоа тужба против болница и синџир аптеки

Наум Локоски

Гитара на Принс продадена за 700.000 долари

Наум Локоски