Неколкумина повредени во експлозии при снимањето на „Бонд 25“

Од:

Три силни експлозии одекнаа при снимањето на најновиот, 25. филм за Џејмс Бонд, во коишто повредени се неколку членови од филмската екипа и има материјална штета.

Инцидентот се случил при тест на специјалните ефекти со експлозии во Пајнвуд студиото во Бакингемшир, а поради тоа, снимањето е целосно прекинато, јавија британски медиуми.

Најмалку едно лице е сериозно повредено, а експлозиите уништиле дел од покривот и барем пет проекторски платна во комплексот вреден над пет милиони фунти.

На почетокот на мај, снимањето на филмот со работен наслов „Бонд 25“ исто така, беше прекинато, оти главниот глумец Даниел Крејг (51) си ја повреди ногата.

Премиерата е првично закажана за април 2020 година.

Би можело да ве интересира

О`Брајан: Штом Бугарија добие нова влада, САД ќе бидат многу поактивни во дијалогот меѓу Скопје и Софија

О’ Брајан: Сите шест земји од Западен Балкан треба да работат заедно за поскоро да станат дел од ЕУ

Горан Наумовски

Даниел Крег сè уште на врвот на листата најплатени актери

Горан Наумовски

Почина Монти Норман, автор на музиката на филмовите за Џејмс Бонд

Двејн Џонсон сака да го глуми Џејмс Бонд

Ана Ололовска

Даниел Крејг: Немам ништо заедничко со Бонд

Ана Ололовска