Неколку работи што потајно ја уништуваат врската

Од:

Љубомората, недовербата и слични проблеми можат да ја уништат врската, тоа го знаат и птиците на гранка.

Но, постојат и скриени закани за врската што не се толку очигледни, а нанесуваат многу голема штета. Ова се основните работи на кои мора да внимавате.

Премногу моќ

Човек би очекувал дека доминантата личност во една врска би била посреќна, бидејќи донесува повеќе одлуки, но истражувањата покажуваат дека тоа воопшто не е така. Личноста која „ги држи конците“ во врската, многу почесто е незадоволна, бидејќи чувствува дека врската ја носи на својот грб.

Овој проблем лесно се решава, поработите на рамноправноста и нема да има проблеми.

Различна интерпретација на настаните

Ако на различен начин гледате на некои важни настани во врската, постои голема можност со тек време да се разделите поради тие различни погледи.

На пример, жената може да го смета за многу голем настан денот кога првпат ја оставила четката за заби кај своето момче, а тој тоа може да го смета за сосем небитно.

Со текот на времето таквите различни интерпретации на важни настани во животот се таложат, а ако постои голема несразмерност во нив, може да дојде и до прекин на врската.

Преголеми очекувања

Многу жени влегуваат во врска со надеж дека ќе го променат мажот, а уште поголем број мажи не поднесуваат такви жени.

Ако мислите дека некого навистина можете да го промените, си поставувате замка, бидејќи мажите немаат потреба да ги менуваат своите карактеристики.

Ако си се вљубила во него, тогаш зошто да го менуваш?

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска