Некои момчиња не заслужуваат „поправен испит“ или втора шанса. Момчиња кои не заслужуваат да го губите своето скапоцено време се тие со кои имате:
Различни животни цели
Ти сакаш кариера, тој деца. Или обратно. Тој е религиозен, а ти не. Тој е во еден, а ти во друг град и никој не сака да направи отстапка и да се изнајде идеално решение. Кај така големите работи тешко дека може да се постигне задоволителен компромис.
Немаше пеперутки во стомакот
Пеперутките нема да бидат во стомакот цело време, но на почетокот мора да ги има или очигледно тоа не е тоа.
Те ограничува
Секоја жена заслужува маж кој може да држи чекор со нејзините достигнувања и соништа, а не да ја ограничува.
Не ги почитува твоите пријателки
Негова должност е да ги почитува луѓето кои ги сакаш, па и дури кога не се согласува со нив.
Имало повеќе лоши отколку добри моменти
Ако се среќаваш на повеќе лоши моменти одлуката за раскинување на врската била исправна.