Нејмар купи часовник вреден 1,5 милиони евра, во светот има само 30 примероци

Од:

Поради големите примања кои ги имаат фудбалерите, се понормално е на социјалните мрежи да ги прикажуваат своите најновите хирови. Супер спортски автомобили, големи куќи или скап накит се дел од подароците кои славните личности си ги подаруваат во секојдневниот живот. Последен тоа го направи бразилскиот ас Нејмар.

За да го заврши својот одмор на најдобар начин, Нејмар ја збогати својата колекција на луксузни часовници со модел на Ричард Мил, пишува Мундо Депортиво.

Бразилската ѕвезда купи луксузен Ричард Мил 68-01 Сирил Конго вреден 1,5 милиони евра. Станува збор за ексклузивна копија од која има само 30 примероци во светот.

Всушност, моделот на Нејмар е рачно насликан лично од уметникот на графити, Сирил Фан.

Бразилскиот играч има долга и скапа колекција на луксузни часовници. Меѓу нив е „ролекс“ вреден 17 илјади евра, „Дајтона „Окото на тигарот“ од 400 илјади евра, уште еден Ричард Мил 052 „Турбилон череп“ од 1,6 милиони евра и уште две „Дајтони“ од 100 илјади и 24 илјади евра.

Би можело да ве интересира

Нејмар за еден допир со топката заработува 306.000 евра

А1он

(ВИДЕО) Нејмар во солзи: „Се враќам!“

А1он

Нејмар нападнат од навивачите поради неговиот изглед, по повеќемесечна пауза се врати на терените

Обид да му го киднапираат новороденчето на Нејмар, вооружени напаѓачи ги врзале родителите на неговата поранешна девојка

Нејмар пристигна, принцот му испрати авион со златен трон

Предраг Петровиќ

Нејмар доби 320 милиони евра, заминува од ПСЖ

Предраг Петровиќ