Не зборувај во киното, ќе ти дојде нинџата

Од:

„Топ 3“ најиритирачки нешта што може да се случат во кино се заљубен пар кој испушта чудни крици, ѕвонење на мобилен телефен и одговарање на повикот и гласен разговор на пријатели кои си раскажуваат се од ред до ред.

Сепак, директорот на британското кино „The Prince Charles Cinema“ за овој проблем нашол решение.

Тој ангажирал тим од нинџи, облечени во „морфсуитс“ ( оние што го гледале филмот „Always Sunny in Philadelphia“ ќе се сетат како изгледаше зелениот човек) кои ќе му појдат на секој невнимателен посетител во салата и ќе го замолат да престане да ги иритира другите.

Творецот на овие костуми Грегор Лавсон во целост се согласил неговите одела да бидат употребени за оваа улога, всушност негова била и идејата:

„Јас сум голем фан на киното. Постои премолчена согласност кон однесувањето на одредени луѓе кои едноставно не ги почитуваат правилата. Идејата ми дојде кога следев една дискусијата за нинџите на нашата страница на Фејсбук. Доживеа моментот на „Еурека“ и одлучив да побарам кино кое ќе биде подготвено да го проба мојот метод“.

Методот функционирал. Оние кои еднаш биле фатени од нинџите, до крајот на филмот седеле како бубачки и не ни помислувале да го повторат „делото“.

Би можело да ве интересира

Анџелина Џоли го шокираше водителот – сите гледаа во нејзините стапала

Предраг Петровиќ

Ќерката на Клинт Иствуд, фотографирана по ноќно излегување, падна додека влегуваше во автомобил

Предраг Петровиќ

Принцот Вилијам седум години не сакал да се омажи за Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ

Крипто-претприемачот ја изеде бананата- „уметничкото дело“ за кое плати 6,2 милиони евра

Предраг Петровиќ

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум