Не користете посредници во вашиот љубовен живот

Од:

Критичарите немаал милост за Лични асистенти за љубовни состаноци (Personal Dating Assistants), новата онлајн платежна услуга која им овозмжува на мажите да користат посредници, мажи-свеќи кои светат додека заведувате некоја дама, локални потенцијални кандидатки и тајни пишувачи на пораки. ЏиКју ги нарекува „морничави“. СиНет вели дека корисниците на крајот ќе треба да признаат дека се голема лажга. А Џезибел, момците кои ја искористуваат л`жгата ги нарекува „машко ѓубре“.

За несреќа, личните асистент за љубовни состаноци се знак за нештата кои допрва ќе се појават. Благодарение на технологиите, ќе бидеме сведоци на повеќе шанси да се деградираме себеси и другите преку активности со користење посредници кои се основата на нашата човечност.

Посредништвото не е во основа проблематично. По се, се работи за распоредување на задачите. Се додека луѓето ја делат работата и користат алатки, ние користиме посредници. Корпорациите одамна го прават тоа. Размислете колку многу луѓе кои работат за вас се од странство.

Но, во последниве години има промена во однесувањето. Некои луѓе тврдат дека можеме подобро да живееме ако користиме посредници во многу аспекти од нашите животи.

Да речеме дека сакате да готвите, но дека подготовките тешко ви паѓаат. Само следете ги препораките на „животниот хакер“ и користете посредници за непријатните делови од задачата – нека некој друг ви одбере што да зготвите и автоматизирајте ги вашите набавки на продукти преку онлајн службите, како што с Претплатете се и заштедете на Амазон.

Економскиот принцип на компаративната предност прави посредувањето да изгледа како рационален пристап за поставување на приоритети. Кога и да треба да се потроши време на задачи кои вие не ги цените, или ги сметате за фрустрирачки, се генерираат трошоци на можностите. Ова значи дека ги двоите вниманието и средствата од активностите кои ги сметате за важни и уживате да ги правите.

Посредувањето во следните години ќе стане уште полесно. Веќе можеме да одиме онлајн и да нарачаме писмо-благодарница напишанио од робот. Или ако повеќе ви се допаѓа човечкиот момент, можеме да го купиме ефтино во fivver.com. Можеме да симнеме апликација која автоматски им испраќа текстуални пораки на луѓето со кои се забавуваме. Во иднина, Гугл може да исфрли софтвер кој препорачува како да одговориме на постовите на социјалните медиуми.

Ќе постои технологија која ќе ги антиципира нашите потреби и ќе препорачува што да сториме за да ги освариме нашите цели. Најверојатно ќе имаме алгоритими кои ќе нудат совети откако ќе ги истражат и ќе ги анализираат трагите од податоци за други луѓе, меѓу кои и на нашите романтични или деловни партнери. Можеби и ќе можеме да избегнеме самосаботирачко однесување заобиколувајќи ја нашата воља преку користење посредници. Вече денес можеме да избегнеме да пратиме пораки ако сме во ситуација на „зовриен мозок“. Утре ќе постои апликација која ќе им помогне на зависниците кои се лекуваат да избегнуваат повторно да паднат во искушение.

Што повеќе тешка и нервозна работа посредништвото може да оттргне од нашите животи, ќе биде уште поголем предизвикот да го искористиме тоа. Но сепак, токму тука треба да бидеме истрајни.

Оние кои го бранат посредништвото велат дека етиката „направи сам“ има преголемо културно значење и е погрешно „прифатена како доказ за штедливост па дури и морална доблест“. Тие им ја припишуваат ова грешка на луѓето на кои им е тешко да направат исправна проценка за нивното време. Сепак, одредувањето вредност за времето е покомплицирано отколку што бранителите на посредувањето не тераат да мислиме дека е така.

Прво, посредувањето може да влијае на одговорноста. Календарот (распоредот на задачи) не е само алатка за натрупаното помнење на обврските. Таа може да биде многу корисна во организрањето на нашиот пребукиран живот, и да овозможи да ги исполниме обврските. Но распоредувањето може да биде негативно. Ако мислите на вашиот љубовник затоа што вашот телефон ве тера на тоа, можеби сепак не сте зрел за вашиот љубовник. Второ, посредувањето може да влијае на квалитетот. Се разбира, асистентите за љубовни состаноци можат да направат да изгледате покул отколку што сте. Но, манипулативно е и самото нивно користење. Овие наводни помошници всушност ја замаглуваат комуниакцијата. Тие сведуваат се на инструментална цел – идеализирано и лажно прикажување на тоа кој сте.

На крајот, посредувањето е стапица затоа може да биде тешко да се знае кога квалитетот и одговорноста ќе исчезнат. Тука имаме слеп агол. Лесно е да се гледаат активностите полни со неефикасност, судири и тешка работа како здодевни и бесмислени, наместо како момент да се покаже грижа и да се развие карактер со кои можеме да бидеме горди.

На пример, ако други луѓе или машини пишуваат пораки-благодарници, тоа е исто како да верувате дека убавиот гест е сето она што е важно. Но кога лично ќе го направиме тоа – без разлика дали е тоа рачно напишана порака или дигитално компонирана песна – самиот обид уверува за вашето концентрирано внимание и грижа. Одвојувањето време да составите порака-благодарница не е само секојдневна ситна обврска, туку е израз на длабочината на нашите чувства кон друго лице. Роботите кои пишуваат за благодарноста всушност не мислат на великодушноста или пак се однесуваат великодушно. Тие сигурно не ја ценат изреката „времето е скапоцено“.

За да ги прифатиме вредностите и да развиеме доблести кои му даваат смисол на човековиот живот, не треба да ја издвојуваме свесноста, независното мислење, самоконтролата и куп други важни способности. Сепак, да се биде човек е да се користат посредништва. Но не треба да претеруваме до степен да ја збришеме нашата човечност.

Си-Ен-Ен – Атланта

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска