Написот во кој се искористени наводници при спомнување на Елиот Спенсер, сопруг на актерот Стивен Фрај, предизвика голем бес кај корисниците на социјалните мрежи, пишува „Индепендент“.
На типографска грешка внимание обрна водителот на станицата Би-Би-Си Радио 5 Лајв, Ники Кембел.
Фрај со 27-годишниот сценарист официјално се венчаше во јануари 2015 година, што го следеше и „Дејли мејл“, при што Спенсер како сопруг на Фрај беше спомнат без наводници.
Сепак, написот нa Ефрим Хардкасл, кој е објавен вчера, а каде зборот сопруг е ставен во наводници, предизвика големи негодувања.