Навиките на мајката влијаат на конзумирањето алкохол кај децата

Од:

Децата го земаат примерот на своите мајки и во текот на времето ги преземаат нивните навики кога е во прашање конзумирањето алкохол, потврди едно истражување.

Во оваа студија следени се навиките на конзумирање алкохол на над 18.000 лица во текот на 14 години.

Докажано е дека тинејџерите во 16-та година се главно под влијание на своите врсници кога е во прашање алкохолот, додека ставовите на нивните родители имаат доста мало влијание.

Но, во 34 – та година тие пијат онолку колку што сметаат дека нивните мајки пиеле, повремено или континуирано.

Истражувачите открија дека доколку мајката конзумирала алкохол во поголеми количини, нивните деца во повозрасните години ќе пијат повеќе отколку што се препорачува.

Студијата не покажа поврзаност меѓу навиките на конзумирање алкохол на таткото и навиките на нивните деца кога ќе станат возрасни. Утврдено е дека татковците пијат повеќе надвор од домот, додека мајките тоа го прават пред децата што има поголемо влијание.

– Интересно е дека истражувањето покажало дека навиките на мајките стануваат навики на нивните деца откако ќе пораснат, рече Џонатан Бирдвел, водач на истражувањето.

Докажано е и дека лицата чии родители се разведеле до нивната петта година се повеќе подложени на алкохол.

Резулатите од истражувањето ќе бидат објавени во наредниот период, а препораката е дека родителската љубов и внимание се главна превентива за алкохолни проблеми, пишува „The Telegraf“.

Би можело да ве интересира

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските