„Научи да медитираш за четири дена“ – три предавања и еден голем концерт во Скопје

Од:

Под слоганот „Научи да медитираш за четири дена“ во Скопје ќе се одржат три јавни предавања, еден голем концерт со изведувачи од многу светски држави и бесплатно едно месечно предавање по медитација за сите оние кои сакаат да се задлабочат во оваа древна индиска практика.

Се’ ќе започне на 24 октомври, вторник со воведното предавање на Џеланта Фоелерн во Салон 19:19. Роден во семејство на духовни практиканти заедно со својата сестра уште од најрана возраст се сретнува со медитацијата. Денес безусловно ги споделува своето знаење и искуства на разни работилници за медитација низ светот. На 26 октомври ќе биде и второто негово интерактивно излагање на оваа тема, каде учесниците ќе имаат прилика да дознаат повеќе за медитацијата, медитациските техники и да се здобијат со своите први искуства со медитацијата.

На 30 октомври е големиот концерт „Songs of the Soul“, кој како дел од балканската односно светската турнеа која се одржува секоја година и поминува низ различни делови од светот, ќе ја посети и Македонија. На овој концерт како што погоре споменавме изведувачи од многу светски земји во свој аранжман ќе изведуваат медитативна музика компонирана од бенгалскиот композитор, текстописец, поет, сликар, спортист, учител по медитација и активист за мир Шри Чинмој.

По концертот следи уште едно и последното предавање од оваа програма „Научи да медитираш за четири дена“ кое ќе го одржи Шукада Николаевна од Русија која и самата 25 години од својот живот посветила на медитацијата.

За оние кои ќе бидат инспирирани да научат повеќе за медитацијата по предавањата ќе следува бесплатен едномесечен курс.

Сите настани се бесплатни според духовната традиција. Повеќе информации на http://www.meditacija.com.mk/ и http://www.songsofthesoul.com/en.

Би можело да ве интересира

Младеновски: Граѓаните многу повеќе да ја користат медијацијата во решавање на споровите

Наум Локоски

Видео: Во Аргентина медитираа 100 илјади луѓе

А1он