Натпревар во лежење во Црна Гора

Од:

Петиот по ред „натпревар во лежење“ ќе се одржи в сабота на 15 октомври во етноселото „Монтенегро“ во црногорското место Горно Брезане.

Претходните четири години овој натпревар се одржуваше во август, но оваа година датумот е променет поради парламентарните избори на 16 октомври.

Како што соопштија организаторите, одлуката е донесена со цел да им се обезбеди на натпреварувачите од Црна Гора „да одморат по напорната предизборна кампања“.

Победникот ќе добие награда од 200 евра, а оние кои ќе го освојат второ и трето место, добиваат вечера за две лица во ресторанот кој е спонзор на настанот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Натпревар во лежење во Црна Гора

Од:

Сите заинтересирани безделничари може да се пријават за натпревар кој во етно село во Црна Гора ќе се одржи на 30 август.

И оваа година сопствениците на етно селото Монтенегро од Брезнa, организираат натпревар во одморање под истиот слоган: Има леб и без мотика.

Победникот ќе добие награда од 200 евра.

Пропозициите се јасни: на натпреварувачот му е дозволено да пие вода и да јаде, но не му е дозволено да станува од местото за одмор без оглед на причината, па макар тоа да биде и физиолошка потреба.

Натпреварувачот кој најдолго ќе издржи да одмора во ладовина, е победник.

За натпреварувачи од странство е обезбедено сместување по екстремно ниски цени.

Организаторите упатија повик и до сите „политичари, лекари и останати да земат пари без мака“. Лани, најупорните четворица натреварувачи безделничеа 24 часа и организаторот одлучи да им даде награди откако на нивното безделничење никако не се гледаше крајот.