Наместо предбрачните завети, почнала ги читала прељубничките пораки на свршеникот

Од:

Откако застанала пред олтарот, една Американка, наместо најавените предбрачни завети, почнала да ги чита прељубничките интернет-пораки на својот несуден сопруг.

Девојката ја добила преписката сосем случајно… На претсвадбената забава со своите деверици, добила порака на својот телефон. Притоа мислела дека тоа е уште една од низата честитки, но од таа и од следните пораки, ја дознала непријатната вистина.

Испраќачката била самата љубовница на свршеникот со којашто се среќавал со месеци.

Другарките на „идната невеста“ ја молеле да ја откаже венчавката, но таа се одлучила на одмазда. Така, денот на венчавката почнал според планот…

Но, кога девојката стигнала до олтарот, се свртела кон гостите и ги известила дека нема да има венчавка затоа што нејзиниот иден сопруг не е личноста што таа мислела дека е. Семејството и пријателите биле вџашени, а младоженецот се обидел да ја зграби неговата невенчана сопруга за рака, но таа се оттргнала и почнала да ги чита пораките што ги добила од неговата љубовница.

Момчето веднаш истрчало од црквата, во придружба на неговиот кум.

Невестата потоа повторно им се обратила на гостите: „Ве сакам сите и без оглед колку е страшно, драго ми е што денеска сте тука. Нема да имаме свадба, но ќе ги прославиме вистината, наоѓањето на вистинска љубов и верувањето во своето срце и покрај болката”.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска