Намалете го апетитот со неколку едноставни трикови

Од:

Ви претставуваме неколку трикови со чија помош ќе можете да ја регулирате својата желба за храна.

Се придржувате до одредена диета, но кога ќе огладнете не можете да го исконтролирате апетитот и јадете многу повеќе отколку што би требало? Прочитајте ги овие совети и нема да имате масни наслаги.

ВАРЕН КОМПИР

Варениот компир (во кора) секако треба да биде почесто на вашето мени. Со овој начин на готвење на компирот, ќе добиете супер намирница, која истовремено е богата со нутриционистички состојки и сиромашна со калории, која ќе ве задржи сити.

МАСНОТИИ

Не треба целосно да ги исфрлите маснотиите од исхраната, бидејќи ниту една диета не е добра доколку некоја група намирници целосно се елиминара.

Парче месо секако повеќе ќе ве засити од било кое овошје или зеленчук, а покрај тоа е и здрава намирница (доколку внимавате на кој начин ја готвите).

ВЕЖБАЊЕ

Можеби ви звучи чудно, но вежбањето може да го намали апетитот. На почеток ќе предизвика засилен глад, но кога добро ќе испотите, ќе го забрзате метаболизмот и ќе ја намали желбата за храна.

ГРЕЈП

Ова чудесно овошје ги регулира маснотиите и нивото на шеќерот во крвта, а истражувањата покажуваат дека лице кое при секој оброк јаде половина грејпфрут или пие свежо цеден сок просечно губи 2 килограми во три месеци.

Би можело да ве интересира

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ