Најлуди начини за цензурирање на женската сексуалност

Од:

Различните култури имаат различни дефиниции за тоа што е пристојно. Во некои земји можете да бидете уапсени поради носење на танга килоти, додека во други тоа е сосема прифатен дрес код за вечера. Некои сепак претерале.
Некои влади отишле толку далеку во мерките за чување на невиноста на своите граѓани па нивните решенија биле посрамни од оние што се обидувале да ги спречат.

Дигитално цензурирање на филмови во Иран

Иранскиот народ сака да гледа американски филмови, но владата има речиси 40 луди правила за тоа што смее да се прикаже на филмот. Некои од нив се дека лицата на жените не смеат да се прикажат во крупен план, маж и жена не смеат да седат блиску еден до друг, а мажи со брада не смеат да бидат прикажани во лошо светло.

Секако, ваквите правила исфрлуваат многу филмови од кината, а тие малубројните, кои можат да се прикажат, владините цензори дигитално ги средуваат и од филмовите исфрлат од нив се што не е соодветно, како на пример женско деколте.

Кинеската полиција издаде комплексен график за спречување на воајери

Полицијата на кинеската провинција Џејланг лани одлучи да ги спречи воајерите. По пребарувањето на нивната (многу цензурирана) верзија на Гугл, полицајците нашле идеално решение за чување на невиноста на Кинеските: математиката.

На службената интернет страна на полицијата беше објавена серија графики и дијаграми дизајнирани да помогнат на жените во избегнување на погледи под нивните здолништа.

Дијаграмот ги прикажува жените во вообичаени состојби, како седење во метро. Видното поле на воајерите означено е со линии, а врз основа на тоа, висината и тежината на жената, како и оддалеченоста од воајерот и други фактори, жените требале да пресметаат како да ги избегнат погледите. Секако, дијаграмите на крај предизвикале повеќе забуни од што можеле да помогнат, па набрзо биле отстранети од интернет страницата. Некои жени навеле дека всушност биле покорисни за воајерите да најдат сигурна точка за гледање.

Машини за капење на плажа во викторијанската ера

Пред да станат се помалите костими за капење вообичаена појава, западното општетство имало многу поинакви стандарди за прифатливо облекување за на плажа. Жените од повисоката класа во викторијанско време во вода влегувале со справи познати како машини за капење.

Машините всушност биле соблекувални на тркала кои ги влечеле коњи. Внатре во нив жените можеле да облечат костим за капење и кога машината ќе се спуштела во морето, пливале без несакани погледи на себе. Првите вакви машини се појавиле во почетокот на 18 век, а се користеле се до почетокот на 20 век, а потоа многу посетители на плажите почнале да ги мешаат со слабо опремени јавни тоалети.

Саудиска Арабија не дозволувала на жените да работат во продавници за долна облека

Купувањето на долна облека може да биде незгодна за секого. Во Саудиска Арабија целата ситуација е на сосема ново ниво. Се до неодамна само мажите можеле да работат во продавници за долна облека. Кога на тоа ќе се додаде фактот дека во ова кралство жените мора да носат облека посебно дизајнирана која не открива ништо на нивните тела, а дури и самото зборување за телата е табу тема, тогаш состојбата навистина станува чудна.

Ова значи, дека ако некоја жена сака да купи нови килоти, продавачот мора да ја проучи во некој агол на собата па да претпостави која големина би и одговарала. Сетоа тоа е резултат на строгите сегрегациски правила во оваа земја, кои на жените им диктираат да не можат да прават одредени работи. Поради тоа дури 30 отсто жени во Саудиска Арабија се невработени. Дури минатата година, по кампањата на Фејсбук, правилото за работа во продавниците на долна облека било укинато, а на мажите им е забрането да работат во нив. Тоа резултирало со затворање на стотици продавници.

Ултра ортодоксните Евреи носат специјални очила кои ги замаглуваат жените

Интерпретацијата на еврејскиот закон дека мажот и жената не смеат да имаат никакви контакти ако не се венчани, доведе до чудни правила. Одвоените автобуси и тротоари едноставно не биле доволни, воведени се т.н. очила на невиност, па тие што ги носат можат според желба да го замаглат видното поле, па така да го избегнат погледот на женски лица.

Неофицијалните – патроли на невиноста, излегле на улиците и почнале да ги продаваат овие специјално дизајнирани очила. Поевтина варијанта се налепниците за очила кои го ограничуваат видното поле на само неколку метри. Исто така, тука се и капите и слични реквизити кои спречуваат каков било поглед на жена.

Сепак, овие патроли се дури и полиберални во однос на Сикриким, група од околу стотина религиозни мажи кои на терминот ултра ортодоксен му даваат сосема ново значење. Невиноста на верниците се обидуваат да ја зачуваат со кршење на прозори, пишување на графити или фрлање на вреќи полни со измет. Се во име на невиноста. Една од нивните цели била и локална продавница за сладолед, бидејќи сметаат дека сладоледот промовира промискуитет.

Би можело да ве интересира

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините