Најлоша свадбарска торта во историјата

Од:

Невеста од Халсвител се презаситила од класичните свадбарски торти преполни чипки и розеви цветчиња и сакала нешто ново и алтернативно, но тоа што добила на крајот ја разочарало. Некои странски медиуми оваа торта ја прогласија „најлоша свадбарска торта во историјата“.

Селија во каталогот на една слаткарница забележала „интересна“ торта која изгледала како неколку насобрани пневматици, но тоа што на крајот добила било многу далеку од она што нарачала.

Кога тортата најпосле стигнала, сите биле изненадени од аморфниот неред, кој воопшто не наликувал на тоа што го порачала, а Селија одлучила тортата да ја продаде.

Во описот за производот напишала: „Неколку недостатоци заради нестручната слаткарница. Грозно украсена, без декорација, необичен дизајн. Многу тешка. На една фотографија можете да видите како требаше да изгледа, а на друга како изгледа. Целосна катастрофа. Имав и неколку ружички кои отпаднаа од оваа грдотија“.

На оглас се јавиле неколку потенцијални купувачи, но и еден слаткар кој ја предупредил продавачката: „Жал ми е, но како искусен слаткар не верувам дека би успеале да ја продадете оваа торта. Кога некој, не дај боже, би ја изел, се плашам дека купувачот би ве тужел вас, а не слаткарницата. Сигурен сум дека слаткарницата ќе ви ги врати парите, а ако ви треба каква било помош, јавете ми се“.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ