Ако на почетокот од врската се целосно посветенио, пожртвувани и добри, на лош пат сте да го освоите посакуваниот маж.
Жените ги фаќа паника и се чувствуваат несигурни на почетокот од врската, се прашуваат дали му се допаѓаат, дали нивната врска ќе успее, а често постои и страв од осаменост.
Жените мора да избегнуваат неколку работ ако сакаат да изградат квалитетен однос:
Победете ја безнадежноста
Ништо не е понепривлечно од безнадежна жена. Колку и да ве мачат различни стравови, мора да научите да се носите со нив, а мажот во ниту еден случај не смее да го забележи тоа.
Не се однесувајте како тој да ви е последна шанса во животот, бидејќи таквиот став набрзо ќе го оддалечи од вас.
Дозволете да ве освојува
Во ред е жената да го направи првиот чекор, но тоа треба да го направи со шарм и со самодоверба. На мажите им е вроден нагонот за ловење, па дозволете му да ве лови. Потсетете се дека жената заслужува внимение.
Игнорирајте ги „топло-ладно“ игрите
Кога ќе забележите дека игра некои игри, само свртете се, посветете се на својот живот и уживајте во работите кои ги сакате. Не покажувајте воодушевување кога ќе се јави по одреден период. Имајте свој живот и тој треба да биде свесен за тоа.
Имајте свој став
Бидете свои, имајте свој став, мислете со своја глава и не дозволувајте да манипулира со вас.
Правете го сето тоа – љубезно и човечки.