Најголемото јајце во светот го носи најбрзата птица на планетата – ној. Ноевото јајце, со бледожолта боја, може да биде тешко до 1,8 килограми што тежина на околу 20 кокошкини јајца.
Женката ној, јајцата ги положува во заедничко гнездо во вид на дупка во земјата, длабока од 30 до 60 сантиметри. Во едно гнездо може да бидат сместени од 15 до 60 јајца, а на нив назименично лежат мажјаци и женки, женките преку ден, мажите ноќе.
Инкубацијата трае од 35 до 45 дена, а младенчињата ној веќе од шестиот месец постигнуваат големина на возрасни единки.
Иако ноевите јајца се најголеми во светот, многу се мали во споредба со големината на на птицата.
Новозеландскиот кафен киви, од друга страна, носи многу крупни јајца во однос на неговата големина. Женките се тешки околу 1,7 килограми, а едно нивно јајце во просек тежи 400 грама.
Најмали птичји јајца ги носат колибрите. Некои видови снесуваат јајца долги едвај седум милиметри. Тие се гнездат на дрвјата, а во гнездото обично има две јајца. Инкубацијата трае 12 до 19 дена.