Магазинот „National Geographic“ ја прославува 125-годишнината од постоењето.
По тој повод, магазинот излезе со посебно издание во кое покажува колку навистина може да биде моќна фотографијата со претставување на некои од најдобрите кои беа објавени во магазинот.
Оваа фотографија е направена уште во далечната 1906 година од страна на Џорџ Ширас, првиот фотограф на дивиот свет кој фотографирал ноќе. Местото е езерото Whitefish во Мичиген, САД. Сето тоа на почетокот изгледало многу примитивно.
Каубојка остава паричка за го “паркира” своето пони во Ел Пасо, Тексас. Во тоа време 1939 во гратчето се уште имало жители кои чувале добиток како транспортно средство.
Ова е можеби најпознатата фотографија од National Geographic. Девојчето од Авганистан кое се наоѓа во пакистански камп со бегалци е дело на Стив Меккари, направено во 1984 година.