Кога мажот сака да ја изневери жената ќе каже што било за да се оправда. Оженетите мажи најчесто кажуваат:
„Таа знае и не и пречи“. Оваа реченици толку пати ја повторил што сигурно и самиот верува во тоа.
„Таа не сака секс“. Дали си се обидел да имаш секс со неа во последно време?
„Не е заинтересирана за секс со мене“. Тоа може да биде точно доколку на пример имате три деца, но ако е така обидете се со терапија.
„Ништо не и значи што постојано ја изневерувам“. Хм… Таа знае дека ја изневеруваш?
„Заедно сме поради децата“. Тогаш можеби и поради децата да си бидете верни еден на друг и да поработите на бракот, но ако тоа не функционира, разведете се и полесно ќе им биде и на децата и на вас.
„Знаеше каков сум кога се венчавме“. Сите жени веруваат дека бракот менува се.
„Разделени сме“. Тогаш разведете се.
„Се разведуваме“. Додека не ја покаже хартијата, немојте да верувате.
„Таа е геј“. Па тогаш разведи се.
„Не ме разбира“. Не е единствена.